Машкиот манифест
од гоце на 1 фев 2002 - 07:38
На госпоѓите, госпоѓиците, дамите, сопругите, девојките, верениците и на сите останати жени, еднаш засекогаш:
1. Ако мислиш дека си предебела, тогаш највероватно си! Не ме прашувај ништо околу тоа, не сакам да ти одговорам на тоа прашање.
2. Кога сакаш нешто, доволно е тоа да го побараш. Веднаш да расчистиме: Ние сме ЕДНОСТАВНИ! Ние не разбираме суптилни и индиректни прашања, такви работи кај нас не функционираат. Дури ни оние суптилни и индиректни прашања кои на секоја жена треба да и се јасни.
3. Кога ќе поставиш некое прашање на кое во суштина и не очекуваш одговор немој да се чудиш кога ќе дојде одговорот кој не си сакала да го слушнеш.
4. Ние сме ЕДНОСТАВНИ! Кога ќе те замолам да ми го додадеш лебот, мислам баш на тоа - да ми го додадеш лебот! Со тоа не ти префрлувам дека лебот веќе не е на масата. Кај нас нема скриени пораки нити префрлувања. Ние сме навистина ЕДНОСТАВНИ!
5. Ние сме ЕДНОСТАВНИ! Нема зошто да ме прашуваш што мислам во моментот. 96,5% од времето мажите мислат на секс! Не, ние не сме опседнати, туку сексот е работата која ни предизвикува најмногу радост.
6. Ние сме ЕДНОСТАВНИ! Понекогаш не мислам само на тебе. Тоа не е ништо страшно. Затоа, те молам да не ме прашуваш на што мислам ако не си спремна да разговараш за политика, економија, филозофија, фудбал, алкохол, дроги, цицки, газови или коли.
7. Петок/сабота/недела = многу јадење + пријатели + фудбал на телевизја + пиво = непристојно однесување. Тоа ти е како полна месечина - неизбежно!
8. Купувањето не ми представува никакво задоволство и никогаш, ама баш никогаш нема да ми представува.
9. Кога треба да излеземе во град, што и да имаш на себе, убаво ти стои. Жими мајка!
10. Имаш сосема доволно облека и кондури. Плачењето е уцена! Тоа што себе си бе се довел до финансиска пропаст не е доказ за мојата љубов спрема тебе.
11. Поголемиот број на мажите имаат по 3 пара кондури. Повторувам: ние сме ЕДНОСТАВНИ! НЕ знам од каде ти е идеата дека би можел да знам кој од 30те пара кондури најдобро ти стои.
12. Едноставни одговори како ДА или НЕ се сосема доволни кај секое прашање.
13. Кога имаш проблем, замоли ме да ти помогнам да го решиш. Не очекувај сожалување какво што добиваш од своите пријателки. Очекувај проблемот да го решам, а тоа што ти нема да го сметаш за решен... што да правам!
14. Главоболката која што трае осум недели не е главоболка! Иди на доктор.
15. Кога ќе кажам нешто што е двосмислено и едно од толкувањата те вознемирува, биди сигурна дека го мислам тоа другото.
16. Ние сакаме пиво како што вие сакате ташни. Вие не не разбирате, ни ние вас не ве разбираме!
17. Кога ќе те прашам што ти е, а ти ќе кажеш дека не ти е ништо, ќе ти верувам и ќе се однесувам како ништо да не било!
18. Немој да ме прашуваш дали ми се свиѓаш! Кога не би ми се свиѓала одамна не би бил тука каде што сум.
19. И на крајот основното правило: Во случај на најмала недоумица, дилема или сомнеж, за што и да се работи, земи го секогаш најевтиното и наједноставното објаснување!
НИЕ СМЕ СТВАРНО ЕДНОСТАВНИ
Обичам си го западнобългарския диалект
