
- Spoiler: show
- Јас и вонземјанинот - близок контакт
Еден ден додека чекав на автобуска за да си одам дома (врмето беше ладно и бев исповиена со шалови),застана еден човек пред мене и почна да ме зјапа. Беше облечен во маица на кратки ракави и носеше кратки панталони. Си помислив, а како да не си помислам, овој избегал од Бардовци. Додека си разврзував мината и сегашности за типот (а што друго да правиш кога чекаш автобус минимум 30 минути), ми пријде и ми рече "Ти си...."т.е. го изговори моето име што воопшто не е битно во сторијата.
Човече, целосно се збунив. Типот почна да кажува како сега пред малку пристигнал на Земјата и дека се изгубил меѓу кооридатите или поточно ние и они сме немале исти димензии. Потоа почна да кажува како му се испомешале сите работи и дека фреквенциите што ги примал едвај можел да ги регистрира. Почна да кажува дека прв пат у животот употребува говор, вид и допир.
Стварно не знаев на што да мислам. Глупо ќе беше да не му верувам дека е вонземјанин, оти цело време се држам за фактот дека ако сретнам некој таков сигурно ќе му поверувам. И ете дојде тој моменти што да правам. Се разбира му поверував и се разбира следуваа моите прашања.
- Со што дојде?
- Ја електропортирав својата фантазија со тераомски електронски споеви.
- а од кај си?
Спомна некое име на Р и рече дека не е многу далеку одовде.
- А како изгледате вие, како нас?
- Не изгледаме.
- туку?
- Ја реализираме формата на непосредниот ум.
- И?
- Па не знам ни сега како изгледам.
- Како мене
- Ама информацијата за твојот изглед ја примам во резонанца на твојата мисла.
- И како изгледам.
- Не изгледаш.
Вонземјанинот скроз ме збуни, али некако се држев. Го прашав кога ќе си оди, тој одговори кога сака. Го прашав дали ќе ме носи и мене. Ми рече дека нема проблем, али треба прво да поминам некој тест за
мисловна издржливост. Реков, ок. Ми рече почекај сега ќе го донесам инструментот. Отиде и не се врати.
Дојде 24 и јас се качив во автобус целата во заблуда. Отидов дома и таман на дечкото да му кажам дешавката тој ми вика "Еј беџот од работа ти е закачен на палтото". И тогаш се ми се избистри...